Лидерот на шпанските социјалисти Педро Санчез денеска даде заклетва и ја презеде премиерската позиција, ден откако парламентот му изгласа недоверба на неговиот претходник Маријано Рахој пради корупциски скандал во кој е инволвирана неговата конзервативна партија. Економистот Санчез, кој има 46 години и досега немал владина позиција ја презеде функцијата во палатата Зарзуела која се наоѓа надвор од Мадрид.Ден претходно, шпанскиот парламент со 180 гласа за и 169 против гласаше власта да ја Санчез. Тој и неговата партија се силни поддржувачи на Европската унија и еврозоната.
Санчез стана премиер на Шпанија
Архивска фотографија- досегашниот премиер Маријано Рахој си заминува по гласањето недоверба