Украина тврди дека идентификувала 47 лица потенцијални жртви на Русија

Архивска фотографија-рускиот новинар Аракадиј Бабченко и украинскиотдржавен обвинител Јуриј Лутсенко

Украинските власти тврдат дека откриле 47 луѓе, поголемиот дел од нив новинари, кои биле цел на руски убиства во операцијата со лажното убиство на рускиот новинар Аркадиј Бабченко. Државниот обвинител Јуриј Лутсенко на социјалната мрежа Фејсбук вчера напиша дека контроверзната операција во која беа вклучени високи личности кои лажеа во медиумите за смртта на Бабченко, им помогнала на безбедносните власти да откријат листа со 47 луѓе, поголемиот дел од нив украински и руски новинари кои живеат во егзил , кои како што наведе, можеле да бидат следни жртви на терористите. Тој рече и дека сите 47 лица биле информирани дека се можни жртви и биле преземени мерки на безбедност за нив. Русија се уште не одговори на украинските обвинувања.