„Вистиномер“: Вучиќ само во девет отсто изјави зборувал вистина

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на едногодишниот мандат само во девет отсто изјави зборувал вистина и повеќе пати ги пречекорил претседателските овластувања, објавија српски медиуми пренесувајќи анализа на „Вистиномер“.

„Повеќе од 90 отсто изјави на Вучиќ во првата година од мандатот биле невистинити. Од вкупно 33 изјави само девет отсто биле вистинити“, наведува „Вистиномер“ и додава дека во тој период Вучиќ исполнил само шест отсто ветувања.

Според „Вистиномер“, во првата година од мандатот на претседателот на Србија „регистрирани се бројни пречекорувања на овластувањата – од изборот на премиерката Ана Брнабиќ до утврдување мерки за популистичка политика“.