Бошњаковски: Заев испрати замолница, но не побара бришење на зборот „македонска“

Премиерот Зоран Заев испрати замолница до вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на долгогодишното црковно прашање и во неа не е побарано бришење на зборот „македонска“, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Појаснувањето од Бошњаковски доаѓа по информациите дека и премиерот Заев и Синодот на МПЦ испратиле писма до Вселенската патријаршија за враќање на МПЦ во канонските рамки под името Охридска архиепископија.

Според него, ова е еден вид придонес што треба да биде даден кон решавање на овој долгогодишен црковен проблем.

Сите останати информации Бошњаковски упати да се побараат од МПЦ -Охридска архиепископија.

Портпаролот не изнесе нови информацииво однос на разговорите за спорот за името и побара трпение до завршување на телефонскиот разговор кој следи меѓу премиерите Заев и Алексис Ципрас по којавети дека ќе излезат со посуштински и детални информации околу тоа што ќе се случува во наредниот период.