Ципрас: перспектива за решение се наѕира во преговорите за името

Софија- Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на втора средба, 17.05.2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говорот на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција, говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република Македонија“. „Преговори со кои управувавме и продолжуваме да управуваме со чувство на одговорност и патриотизам. Но, и со решителност и верба во потребата за изнаоѓање решение“, рече Ципрас. Тој оцени дека сликата за Грција на меѓународен план полека се менува и се зајакнува, но за тоа се потребни смели и тешки одлуки.