Иранец се самозапалил откако германските власти не му го одобриле барањето за азил. Според полицијата, 35 годишниот маж им пристапил на две службенички во регионалната служба во близина на Штудгард и им го покажал писмото во кое е наведено дека било одбиено неговото барање за азил.
Службеничките се обиделе да му помогнат, но како што наведуваат од полицијата, тој станал агресивен и од неговиот ранец земал шише со запалива течност и додека властите се обиделе да реагираат тој се самозапалил. Од 2015 година околу 1,2 милиони бегалци кои бараат азил се наоѓаат во Германија.