САД: Верските слободи прекршени во Русија, Иран, Авганистан и Пакистан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Во најновиот годишен извештај за верските слободи на САД се наведува дека прогонството од религиозни причини продолжува да се шири низ целиот свет при што прекршувања се забележани во Русија, Иран, Авганистан и Пакистан.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е клучно да се одбрани верската слобода. Тој порача дека САД остануваат посветени сега и во иднина во заштита на верските слободи. Според него, во извештајот се документирани поплаки за прекршување и злоупотреби спроведени од страна на влади, терористички групи и личности во 200 земји.