Шефот на грчката дипломатија изјави дека „министрите за надворешни работи завршиле со нивниот дел, дека преговорите продолжуваат на експертско ниво, а кога ќе завршат и тие, текстовите подготвени од министрите ќе бидат во рацете на премиерите за конечен договор“.
„Денеска и веројатно утре, ќе продолжат преговоритена експертско ниво - она што треба да се реши се техничко - правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор“, рекол Коџијас.