Г.Г. Стефан: Нашата славна Архиепископија утеха на нашиот народ

Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква

„Одбележувањето на 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија е настан со кој би се гордеел секој народ и секоја помесна Црква, настан што ја потврдува нашата вековна вистина, настан на кој се потпираат и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина“. Ова го истакна поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архипеископија г.г. Стефан во обраќањето пред присутните во црквата „Света Софија“ во Охрид на Свечената академија што синоќа се одржа по повод одбележувањето на Милениумското постоење на Охридската архиепископија. На манифестацијата говореше и претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов, кој од своја страна истакна дека славејќи го големиот јубилеј треба да сме свесни на фактот што самата новела на византискиот император Василиј II посветена на славната Охридска Архиепископија ја констатира историската реалност дека во Македонија веќе постоела организирана црква со црковна ерархија, црква која произлегувала од верниците христијани, црква произлена од народот и која постоела заради народот.