Централната свеченост во рамки на манифестациите за одбележувањето на Илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија ќе се одржи вечерва од 18:30 часот во катералната црква „Света Софија“ во Охрид.
На Свечената академија е предвидено обраќања да имаат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија господин господин Стефан, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов како и премиерот Зоран Заев.