Сончево и топло време, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.