Путин и Абе ќе разговараат за Северна Кореја

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе во Москва. Тема на разговорите ќе бидат Северна Кореја, спорните Курилски Острови и економската соработка.

Двајцата лидери вчера учествуваат на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург и се сретнаа со членови на Руско-јапонскиот бизнис совет. Во својот говор на форумот, Абе ја нагласи важноста од соработката меѓу Москва и Токио во денуклеаризацијата на Северна Кореја.

Тие исто така треба да разговараат и за заеднички економски проекти на Курилските Острови. Советскиот Сојуз пред крајот на Втората светска војна ги окупира островите, принудувајќи 17 илјади јапонски жители да заминат. Поради територијалниот спор, допрва треба да биде потпишан формален мировен договор меѓу двете страни.