Трамп: Самитот со Ким Џонг Ун се уште е можен на 12 јуни

Претседателот на САД Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека САД "разговараат за " Северна Кореја откако тој нагло го откажа самитот на 12 ти јуни со водачот Ким Јонг Ун. Трамп пред новинарите денеска изјави дека "сите играат игри". Запрашан за самитот, Трамп рече: "Ќе видиме што ќе се случи, тоа би можело да биде дури и на 12 ти ." Трамп, кој разговараше со новинарите во Белата куќа, истакна дека двете страни би сакале самитот да се случи.

Претходно, Трамп ја откажа историската средба со севернокорејскиот лидер со образложение дека Пјонгјанг имал „огромен бес и отворено непријателство“.

Сепак, Трамп изрази уверување дека Ким ќе сака да го направи она што е исправно

Претходно денеска, заменик шефот на севернокорејската дипломатија Ким Кие Гван, одговорарајќи на писмото што Трамп му го испрати на Ким, наведе дека Пјонгјанг останува отворен за решавање на сите прашања со Вашингтон во секое време и на секаков начин.