Нова демократија: За Ципрас победа e името Република Илинденска Македонија

Грчката опозициска Нова демократија остро го нападна грчкиот премиер Алексис Ципрас по неговата изјава во Солун дека Владата не дава име, туку се стреми да добие назад нешто што веќе било дадено.

Според партиското соопштение, на кое се повикува МИА, од Нова демократија коментираат дека „Ципрас смета дека неприфатливото име како што е Илинденска Македонија е победа за земјата“.

- Премиерот, кој имаше неуспех во сите преговори што ги водеше за Грција, денес има храброст да тврди дека неговата Влада се стреми да земе назад, а не да даде име на Скопје. Очигледно смета дека е победа за нашата земја, неприфатливото име како она „Илинденска Македонија“ за кое разговара со господинот Заев, пишува во соопштението од грчката конзервативна, опозициска партија.