Косовски Србин осуден за воени злосторства

Косовска Митровица

Суд во Косовска Митровица го осуди на шест години и шест месеци затвор Зоран Вукотиќ, под обвинение за извршени воени злосторства во 1999 година.

Одлуката претпладнево во митровичкиот Суд ја објави Судски совет на Мисијата на ЕУЛЕКС.

Вукотиќ е прогласен за виновен по три точки од обвинението, кои го товарат за тортура врз затворениците во затворот во Смреконица во 1999 година. Истовремено тој е ослободен од обвинението дека учествувал во злосторства во селата Горно и Долно Студиме крај Вучитрн.