Путин се состана со Макрон

Претседателот на Русија Владимир Путин со францускиот претседател Емануел Макрон, Санкт Петербург, 24.05.2018.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави синоќа во Санкт Петербург по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон дека односите меѓу Москва и Праиз се развиваат и покрај бројните проблеми. На заедничката прес конференција Макрон изјави дека двете страни можат да одржуваат дијалог и да изнаоѓаат решенија за глобалните прашања како што е ситуацијата во Украина, на Блсикиот Исток и во Сирија. Тој додаде дека планира да дојде на некои натпревари на претстојното Светско фудбалски првенство во Русија и покрај шпекулациите дека немало да го направи тоа во знак на протест поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во Британија.