Харири избран за нов премиер на Либан

Претседателот на Либан, Мишел Аун го именуваше Сад Харири за нов премиер и побара од него да оформи нова Влада, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот.

Именувањето на Харири го поддржаа 111 од вкупно 128 членови на новиот парламент на Либан за време на консултациите со Аун. Парламентарните избори во Либан се одржаа на 6-ти мај.