Нова рунда за името, Руска ракета за МХ17, Трамп му откажа на Ким...

МАКЕДОНИЈА / ИТАЛИЈА / БУГАРИЈА - Премиерот Зоран Заев, во рамки на посетата на Италија и на Светата Столица, по повод манифестацијата Македонија во чест на Св. Кирил, учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов.

МАКЕДОНИЈА / ГРЦИЈА / САД - Во зградата на ОН во Њујорк продолжи новата рунда преговори за спорот за името меѓу шефовите на дипломатиите на македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со посредништво на Метју Нимиц.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Мигрантите заглавени на босанската граница со Хрватска го преплавија градот Велика Кладуша. Тамошните жителите се обидуваат да им помогнат, но, исто така, се и загрижени за безбедноста.

ГРЦИЈА - Грчкиот Совет, највисока судска административна инстанца во таа земја, го потврди статусот политички бегалци за двјаца турски офицери кои пребегаа во Грција по неуспешниот воен удар. Советот ги отфрли жалбите на владата во Атина која се противела на одлуката за азил. Во согласност со грчките закони, одлуката на Советот за двајцата офицери ќе се однесува и на останатите офицери кои ден по неуспешниот пуч во јули 2016 година со хеликоптер пребегаа во Грција.

УКРАИНА - Украинските власти го вклучија рускиот магнат Олег Дерипаска на листата на лица кои подлежат на санкции воведени од страна на Киев, поради нивните врски со Кремљ и со активностите на проруските сепаратисти во источна Украина. Дерипска важи за еден од поблиските тајкуни на Путин.

АВСТРИЈА / ИТАЛИЈА - Австрискиот министер за надворешни работи изјави дека новата Влада на Италија би можела да го загрози еврото, коментирајќи го доделувањето на мандатот за формирање на новиот италијански владин кабинет на анонимниот професор Џузепе Конте.

ХОЛАНДИЈА - Меѓунардониот истражен тим за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина во јули 2014 години, соопшти дека утврдил оти леталото било погодено со руска ракета. Москва негира вмешаност.

САД - Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет, Џаред Кушнер, повторно има пристап до најделикатните доверливи документи на Белата куќа, соопштил доброупатен извор.

ЕУ / РУСИЈА - По три години истрага за злоупотреби на пазарите во Источна и Централна Европа од страна на рускиот гигант Газпром, Европската комисија сепак одлучи да не ја казнува компанијата, но не ја исклучува оваа можност доколку во иднина таа го прекрши договорот.

СЕВЕРНА КОРЕЈА / САД - Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, планирана за 12 јуни, соопшти Белата Куќа. Причина за временото одложување се последните, како што рекол Трамп, огромниот бес во последните изјави на Ким.