Трамп го откажа состанокот со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, планирана за 12 јуни, соопшти Белата Куќа.

„Многу се радував на средбата со Вас. За жал, имајќи ги предвид огромниот бес и отворено непријателство во вашите последни соопштенија, сметам дека е несоодветно во овој момент да го одржиме долгопланираниот состанок,“ наведува Трамп.

Тој истакнува дека самитот е „пропуштена можност“ и „навистина тажен историски момент“. Трамп на крај му порачува на Ким да го повика или да му напише доколку го промени ставот.