Зетот на Трамп пак има пристап до најдоверливите документи на Белата куќа

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет, Џаред Кушнер, повторно има пристап до најделикатните доверливи документи на Белата куќа, соопштил доброупатен извор, објави МИА.

Пристапот до строго доверливите информации на 37-годишниот Кушнер, одговорен за израелско-палестинскиот мировен процес, му беше значително намален во февруари.

Тој сега е обновен, изјави неговиот адвокат Аби Лоул. Тој додаде дека Кушнер бил сослушуван двапати во Канцеларијата на специјалниот обвинител Роберт Малер, кој испитува евентуални врски меѓу тимот на Трамп и Русија за време на претседателските избори во 2016 година.