Заздравувањето на Скрипал е бавно и болно, тврди неговата ќерка

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија

Јулија Скрипал, ќерката на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал кој беше отруен со нервен гас изјави дека неговото заздравување е бавно и болно. Таа изрази и надеж дека еден ден ќе се врати во Русија. Јулија која исто така беше отруена го даде коментарот во пишано соопштение за медиумите.

Двајцата беа во критична состојба откако беа пронајдени од полицијата во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери. Јулија беше пуштена од болница во минатиот месец, а нејзиниот татко минатата недела. Јулија од тогаш е под заштита на британските власти. Британија ја обвинува Русија за нападот. Русија ги негира обвинувањата.