Заев ја проширил реконструкцијата, Жерновски заменик на Димитров

Премиерот Зоран заев синоќа ги испратил до Собранието предлозите за новите членови во Владата, а дополнително ги пратил и предлозите: Андреј Жерновски - кандидат за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, Асим Муса - во Министерството за здравство, Ѓонул Бајрактар - за Министерството за труд и социјална политика и Садик Бекири - предлог за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски информираше и дека до Собранието се пратени и оставките кои треба да бидат констатирани за Билен Салији, министер за правда, Рената Дескоска, министер за образование и наука и Роберт Алаѓозовски, министер за култура.