Најмалку 32 загинати и десетици повредени во напади во Авганистан

Безбедносните сили на Авганистан на место на ескпозија во Кандахар. 22.05.2018

Најмалку 32 лица се загинати во експлозија во јужен Авганистан, како и во напади низ истокот на земјата, откако започна пролетната офанизива на Талибанците во целата земја. Во јужниот град Кандахар, официјални лица изјавија дека 16 луѓе се убиени и повеќе од 30 повредени од експлозии на два контејнери, дедека безбедносните сили се обидувале да ги деактивираат.

Службата за разузнавање на Националната дирекција за безбедност соопшти дека експлозивите биле откриени во голем двор на работилници. Првично беше соопштено дека експлозивите биле поставени во минибус.

Властите во болницата Мирваис во Кандахар рекоа дека загинатите и повредените, вклучително и цивили, се членови на авганистанските безбедносни сили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Провинцијата Кандахар е главен центар за одгледување опиум и упориште на Талибанците.

Во исоточната провинција Газни најмалку 14 полицајци се убени во неколку напади на милитантите, соопштија официјални претставници. Членот на провинцискиот совет Хасан Реза Јусуфи изјави дека седум полицијаци се убиени во еден напад во областа Дих Јак, меѓу нив шефот на полицијата на округот Саедула Тофан.

Ариф Нори - портпарол на гувернерот на Газни рече дека други седум полицајци биле убиени во областа Џагата.