Во Украина се интензивираат судирите

илустрација

Судирите меѓу украинските сили и проруските бунтовници во источна Украина се засилуваат и имаат најголем интензитет од почетокот на годинава. Украински официјални претставници соопштија дека вчера биле убиени двајца војници, додека четворица биле ранети во борбите кај село Јужное. Бунтовниците во Доњецката област ја обвинија Украина за бомбардирање врз цивилни станбени делови, при што загинале четири лица.