ВМРО-ДПМНЕ: Заев е неправедно ослободен за Поткуп

Неправедна пресуда донесена под политички притисок на власта е ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот Поткуп, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, било јасно дека „судот ќе подлегне на заканите од Зоран Заев дека би можел да си ги реализира најавите за генерален реизбор на судии, во кои тој како реформатор би носел одлука кој нема да биде реизбран“.

„Денешната одлука на судот е потценување на секој граѓанин кој го слушна сведочењето на оштетениот бизнисмен кој под заклетва тврдеше дека Зоран Заев во својство на градоначалник му барал поткуп за секој квадратен метар земјиште и тоа по едно евро за црквата, едно евро за партијата и едно евро за Вице“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Кривичниот суд во Скопје денеска го ослободи премиерот Зоран Заев од одговорност пресудувајќи дека обвинителството не успеало да го докаже делото.