Ѕанакопулос: Најдобро да избереме име од предлозите на Нимиц

Грција инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, изјавил портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

Тој го поздравил „прифаќањето на ерга омнес“, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.