Ангеловска Бежоска избрана за гувернерка на НБРМ

Собранието денеска, со 81 глас „за“ и ниту еден „против или воздржан“, ја избра Aнита Ангеловска Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија.

Нејзиниот избор доаѓа еден ден пред истекот на мандатот на Димитар Богов, кој минатата недела ја врати кандидатурата за гувернер.

Ангеловска Бежоска, досега беше вицегувернерка, е првата жена која ќе ја води НБРМ во наредните седум години, колку што трае гувернерскиот мандат.