За Мицотакис предлогот Илинденска Македонија е неприфатлив

Кирјакос Мицотакис, претседател на грчката партија Нова Демократија.

Од грчата опозициска партија Нова демократија соошптуваат дека премиерот Алексис Ципрас телефонски го брифирал претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека со премиерот Зоран Заев разговарал за името „Илинденска Македонија“

Како што јавува МИА од Атина, за Нова демократија, конкретното име не е прифатливо, затоа што било поврзано со создавање на македонска држава и нација што го вклучува и Солун.

"Ова име историски и директно се поврзува со стремежот за создавање „македонска“ нација и држава што го вклучува Солун и се протега до Егејското море. Било какво споменување на Илинден во името на соседната земја, не само што не става крај на иредентизмот на Скопје, туку напротив го потврдува и го зајакнува. Затоа е неприфатливо дури и да се поставува како тема за дискусија", пишува во соопштението од грчката опозициска партија