Неколкумина убиени при пукање во училиште во Тексас

Архивска фотографија- во пукањето во училиште во Флорида во февриари загинаа 17 ученици и вработени

Неколку луѓе се убиени во пукање во средно училиште во американската држава Тексас, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случи денеска во училиште во градот Санта Фе. Од канцеларијата на локалниот шериф соопштија дека има повеќе повредени кои се згрижени, дека нема повеќе пукање, а дека осомничениот се наоѓа во полициски притвор. Пукањето во Санта Фе е последно од ваквите инциденти во училиштата во САД. Во февруари 17 ученици и вработени загинаа при пукање во училиште во Флорида.