Вучиќ не е оптимист за прашањето за Косово

Архивска фотографија- претседателот на Србија Александар Вучиќ

Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“.

"Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис", нагласува Вучиќ.

Вучиќ вели дека и покрај расположението на Србија за изнаоѓање компромис, не може да гарантира дека и „другата страна“ е подготвена на тоа. Српскиот претседател истакнува и дека ако Србија сака иднина, ќе треба да ги остави во минатото своите трауми и битки.