Заев за името прво ќе ги информира претседателот и партиските лидери

Премиерот Зоран Заев

Од Владата не ја потврдуваат ниту демантираат информацијата во одредени медиуми дека најновиот предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“.

„Како што изјави премиерот Зоран Заев во последната фаза од преговорите, од македонска страна се презентирани повеќе опции за можни решенија, а за една од нив потврдено е дека може да биде прифатлива и за двете страни“, денеска соопштија од Владата за МИА.

Од Владата посочуваат дека нема да го коментираат прашањето, бидејќи за текот на преговорите прво треба да бидат информирани претседателот на државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и другите лидери.