Украина со нови санкции за Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет за усвојување на неодамна донесената одлука за проширување на санкциите против руски компании и ентитети. Во документот не се наведуваат имињата на личностите и компаниите врз кои ќе бидат спроведени санкциите.

Украинскиот совет за безбедност и одбрана на 2 мај ги одобри санкциите кои се слични со оние на САД, а на кои се наоѓаат сојузници на рускиот претседател Владимир Путин. Според советот, санкциите ќе бидат на сила најмалку во наредните три години.