Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди избор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пред нивниот состанок во наредниот месец, да се откаже од нуклеарното оружје и да биде награден со „протекции“ или да ризикува и да биде соборен од власта, а можеби и убиен. Трамп смета дека договорот за состанокот со Ким на 12 јуни во Сингапур и натаму е во сила и покрај заканата на Пјонгјанг дека ќе го откаже самитот поради американското барање за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
Трамп му понуди одбрана на Ким ако се откаже од нуклеарното оружје
aмериканскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун