Најмалку еден загинат во насилни протести во Иран

Демонстранити во иранскиот град Казерун. 16.05.2018

При насилни протести во градот Казерун во југозападен Иран најмалку едно лице е загинато и шест други се повредени, известуваат иранските медиуми. Есмаил Табадар - гувернер на провинцијата Фарс, каде е лоциран градот Казерун, ја потврди смртта на еден од демонстрантите во денешно интервју за полуофицијалната новинска агенција ИСНА. Табадар рече дека се уште има протести во градот, но додаде дека ситуациајта е под контрола.

Новинската агенција Фарс соопшти дека "мал број" демонстранти вчера се собрале во Казерун, на околу 900 километри јужно од Техеран, и запалиле полициска станица.

Во Казерун неколку недели се одржуваат мирни протести против одлука на локалната администрација за одделување на некои области на градот и нивно спојување во нов град.