Хан оптимист за решение од дијалогот меѓу Косово и Србија

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан денеска пред самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија изјави дека е оптимист за постигнување на решение од дијалогот меѓу Србија и Косово за нормализација на односите.

Според него, новата стратегија јасно нагласува дека постои перспектива за се, а тоа значи дека во интерес на Косово е да работи на решение за правно обврзувачки договор. Хан порача дека има нов поттик за двете страни да дојдат до договор што е можно побрзо.