Димитров: Македонија со право очекува датум за преговори со ЕУ

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на конференцијата во Софија за перспективите на Западен Балкан за вклучување во ЕУ порача дека по позитивниот извештај од ЕК и препораката за преговори, Македонија со право очекува да добие датум за нивно започнување.

Европската перспективата, како што наведе, не треба остане само на зборови, туку да се преточи во конкретни чекори. Димитров истакна дека процесот не е лесен, но е неопходен.

„Но, чудата се можни, ние создаваме чуда во денешно време. Го гледаме европскиот воз и сакаме да го фатиме“, рече Димитров.