Протести против градоначалникот на Ереван

Градоначалникот на Ереван, Тарон Маркаријан

Десетици демонстранти влегоа во зградата на општината во ерменскиот главен град Ереван барајќи оставка од градоначалникот Тарон Маркаријан поради сечата на дрвја во паркот пред зградата.

Демонстрантите го обвинуваат Маркаријан за корупција и злоупотреба на државни фондови. Тие го нападнаа и дека е наводен сојузник на поранешниот долгогодишен претседател на земјата Серж Саркисјан, кој ја напушти премиерската функција на 23 април по протестите во земјата.