Шефицата на бугарската дипломатија, Екатарина Захариева денеска изрази надеж дека две земји од Западен Балкан ќе станат членки на Европска унија до 2025 година.
Таа на конференцијата на Европскиот економски и социјален комитет во Софија ја нагласи улогата на граѓанското општество во социјално економскиот развој и поврзувањето со Западен Балкан. Во завршната декларација на конференцијата се наведува дека е во интерес на сите, земјите од Западен Балкан што побрзо да се приклучат кон ЕУ.