Бошњаковски: Средбата на Заев и Ципрас исчекор кон конечно решение

Портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска изјави дека претстојната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија е исчекор кон конечно решение.

„Во однос на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас премиерот Заев вчера јавно кажа оти е премногу рано да се очекува такво нешто, но мислам дека оваа средба е исчекор кон конечно решение“, рече Бошњаковски на прес-конференција.

Тој посочи и дека Заев со германската канцеларка Ангела Меркел ќе има одделен состанок, односно билатерална средба како и со францускиот претседател Емануел Макрон. Бошњаковски потврди дека средбата на Заев и Ципрас ќе се одржи утре претпладне.