Пресуда за случајот „Триста“ на СЈО на 22 мај

Влезот на новиот Кривичен суд во Скопје

Судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за предметот „Триста“ најави дека пресудата ќе биде објавена на 22 мај. Во случајот обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР со што го оштетил буџетот за 453.570 евра.

СЈО во завршните зборови побара осудителна пресуда за Поповски за кривичното дело за кое е предвидена казна затвор од 4 до 15 години. Одбрана побара негово ослободување, а Поповски пред судот кажа дека не е виновен.