Ле Дријан: На Блискиот исток на повидок можеби е војна

Жан-Ив Ле Дријан

Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дријан ситуацијата на Блискиот Исток денеска ја оцени како „експлозивна“ и ги критикуваше САД поради едностраните чекори во тој регион.

„Ситуацијата на Блискиот Исток е експлозивна, се спроведува насилство, на повидок можеби е војна“, изјави Ле Дријан пред пратениците во францускиот Парламент.

Францускиот министер за надворешни работи истакна дека безбедноста на Израел, за која рече дека Франција е посветена, не може да го оправда ова ниво на насилство.

„И Палестинците имаат право на мир и безбедност“, изјави Ле Дријан.