Прво промена на Уставот, па ратификација на договорот, бара грчката опозиција

Од февруарските протести во Грција против користењето на името Македонија

Уставната промена не треба само да се предвиди, туку и да се примени во пракса пред ратификацијата на договорот, вели Јоргос Кумуцакос, одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија.

„Непрекршлив предуслов и основна гаранција за конечно решение на прашањето за името на Скопје е промена на нивниот Устав. Промена, што нема само да се предвиди, туку ќе биде применета во пракса пред ратификација на кој било договор“, рекол Кумуцакос, а пренесе МИА.