Путин на отворање на мостот кој ќе го поврзува Крим со Русија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да присуствува на церемонијата за отворање на мостот кој ќе го поврзува Крим со Русија. Мостот кој е долг 19 километри и чини околу 3,7 милијарди долари, првично требаше да биде отворен во декември, годинава.

Путин изјави дека мостот ќе го интегрира Крим во рускиот транспортен систем и ќе создаде можности за економски развој. Русија изврши анексија на Крим во март, 2014 година.