Туск на средба со Ципрас во Брисел

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, со грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба во Атина во 2016 година

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск денеска во Брисел ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас со кој ќе разговара околу подготовката на самитот во Софија. Во фокусот на разговорите ќе биде спорот за името и напредокот во преговорите, информираат високи дипломатски извори во Брисел.

„ЕУ не очекува спорот да се реши неделава, но би сакала Македонија и Грција да дојдат до компромис на почетокот на јуни, за да можат лидерите на ЕУ да ја одобрат препораката на Европската Комисија за почеток на преговори дадена во април“, изјавил висок дипломатски извор во Европскиот Совет.