Претрес во руска новинска агенција во Украина, притворен новинар

Припадник на украинската безбедносна служба, илустрација

Украинската безбедносна служба извршила претрес во седиштето на дописништвото на руската новинска агенција РИА Новости, при што притворила и еден новинар, обвинувајќи го медиумот дека учествува во „хибридната информативна војна“ против земјата.

Според вработените во РИА Новости, новинарот Кирил Вичински, кој е руски државјанин бил притворен во близина на неговиот дом во Киев. Неговото притворање го потврдија и од безбедносната служба.