Зариф во посета на Брисел ќе се сретне со Могерини

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф пристигна во Брисел, последната точка од неговата турнеја која има за цел зачувување на меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година меѓу Техеран и светските сили по повлекувањето на САД од него.

Зариф вечерва ќе се сретне со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини и со претставници од Британија, Франција и Германија, кои се потписнички на договорот и се за негово зачувување.