Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон за иранскиот нуклеарен договор и за ситуацијата во Сирија. Кремљ соопшти дека двајцата лидери ја потврдиле нивната посветеност за зачувување на нуклеарниот договор по повлекувањето на САД од него. Макрон треба да ја посети Русија наредната недела каде ќе присуствува на економски форум.