Седница на СБ на ОН за состојбата на Блискиот Исток

Десетици убиени во протестите против преселувањето на амбасадата на САД во Ерусалим

По барање од Кувајт, непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, денеска ќе се одржи итен состанок на ова тело за состојбата на Блискиот Исток по загинувањето на над 50 Палестинци на границата меѓу Израел и Појасот Газа. Според палестинскиот амбасадор во ОН Ријад Мансур, израелските сили вчера убивале цивили, меѓу кои, како што рече, „осум деца, помали од 6 години“. Во Појасот Газа десетици илјади луѓе демонстрираа против официјалното прелселување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.