Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската економска унија, во која се Русија и неколку поранешни советски републики. Во текот на состанокот во Сочи, тој ја пофали Унијата како динамична група и укажа на нејзините економски достигнувања. Членки на оваа унија се Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан. На Молдавија и е понуден статус на посматрач. Состанокот беше можност за прва средба на Путин со новиот ерменски премиер Никол Пашинијан.
Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската унија
Рускиот претседател Владимир Путин претседаваше на состанокот на Евроазиската економска унија