Поранешниот киргистански премиер повикан на сослушување

Сапар Исаков

Поранешниот киргистански премиер Сапар Исаков повторно е повикан на сослушување за несреќата во електрана поради која многу жители на Бишкек останаа без греење минатата зима.

Тој пред сослушувањето во Националниот комитет за безбедностги повика властите да ја остават политиката настрана од случајот, бидејќи тоа нема да води кон ништо добро. Ова е второ сослушување на Исаков откако неговиот кабинет беше распуштен на 19 април по гласањето за недоверба.